СЕХА: Криштопанс прогласен за МВП, Вардар со четворица во најдобриот тим

Ракометарот на Вардар, Даинис Криштопанс беше прогласен за најкорисен (МВП) ракометар на Ф4 турнирот на СЕХА лигата, додека четири ракометари на „црвено-црните” се најдоа во најдобриот тим.

Криштопанс покрај МВП, прогласен е и за најдобар десен бек за сеозната 2018/2019 во регионалната ракометна лига.

За најдобро лево крило е прогласен Тимур Дибиров, Стојанче Стоилов е бр.1 кај пивотите, додека повеќе од заслужено, најдобар голман е Дејан Милосављев.

Треба да знаете
Последни објави