Skip to main content
Фудбал

Форбс ја објави листата на најбогатите фудбалски ѕвезди – Роналдо убедливо на врвот

21/10/2026  17:07

Кристијано Роналдо е најплатениот фудбалер во светот за 2026 година, со проценета годишна заработка од неверојатни 300 милиони долари, покажува листата на „Форбс“. Португалската ѕвезда убедливо го остава зад себе својот долгогодишен ривал Лионел Меси, чија заработка се проценува на 145 милиони долари.

Според објавеното рангирање, во пресметките се вклучени приходите што фудбалерите ги остваруваат од своите клубови, но и заработката надвор од теренот, вклучувајќи спонзорски и комерцијални договори.

Роналдо има дури 155 милиони долари поголема проценета заработка од Меси, што ја потврдува неговата доминација и во финансискиот дел од светскиот фудбал.

На третото место се наоѓа француската ѕвезда Килијан Мбапе со 100 милиони долари, додека четвртата позиција му припаѓа на Ерлинг Халанд со 85 милиони долари.

Меѓу петтемина најплатени е и Винисиус Жуниор, чија годишна заработка се проценува на 76 милиони долари.

Во првите десет се најдоа и младата ѕвезда Ламин Јамал, Садио Мане, Џуд Белингем, Хари Кејн и Мохамед Салах.

Десетте најплатени фудбалери во светот за 2026 година
МестоФудбалерПроценета заработка
1Кристијано Роналдо300 милиони $
2Лионел Меси145 милиони $
3Килијан Мбапе100 милиони $
4Ерлинг Халанд85 милиони $
5Винисиус Жуниор76 милиони $
6Ламин Јамал55 милиони $
7Садио Мане54 милиони $
8Џуд Белингем45 милиони $
9Хари Кејн42 милиони $
10Мохамед Салах40 милиони $

Највпечатлив е податокот дека Роналдо и Меси заедно имаат проценета заработка од 445 милиони долари, додека сите десет фудбалери на листата заедно треба да заработат околу 942 милиони долари.

Според оригиналната анализа на „Форбс“, Роналдо треба да заработи околу 250 милиони долари од фудбалскиот договор и дополнителни 50 милиони од комерцијални активности. Кај Меси, пак, приходите надвор од теренот се поголеми од оние што ги остварува преку фудбалот.

Податоците се проценки за сезоната 2026/2027, а не конечни исплатени износи.