
На 25 октомври 2026 ќе почне зимското сметање на времето со поместување на стрелките на часовникот за еден час наназад, односно времето од 3 часот се смета како 2 часот.
Одлука за утврдување на сметањето на времето во 2026 година, според која летното сметање на времето почна на 29 март 2026, а зимското сметање почнува на 25 октомври 2026, ја донесе Владата и е објавена во Службен весник на 19 март годинава.

-Донесувањето на оваа Одлука е во согласност со утврдената годишна практика за регулирање на сметањето на времето, како и со обврските за усогласување со европската регулатива во оваа област, соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.


