
32-годишна скопјанка пријавила во полиција дека била физички нападната од нејзиниот вонбрачен сопруг и неговата сестра во дом на подрачјето на Бит Пазар во Скопје.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен синоќа во 20:25 часот во СВР Скопје.
Жената пријавила дека физички ја нападнале нејзиниот вонбрачен сопруг А.Ф. и нејзината золва.
Засега нема информации дали жената се здобила со повреди, ниту дали се преземени мерки против пријавените лица.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.


