Во Русија во 2018 година спречени 20 терористички напади

Во Русија во текот на минатата година спречени се 20 терористички напади, изјави денеска заменик шефот на Националниот антитерористички комитет (НАК), Игор Куљагин.

– Вкупно 36 терористички кривични дела, вклучувајќи и 20 терористички напади, се спречени во фаза на подготовка во текот на 2018 година, благодарејќи и на агенциите за спроведување на законот, рече Куљагин.

Според него, бројот на злосторства е намален трипати во однос на 2017 година.

Треба да знаете
Последни објави