Search

Се проширува опфатот на компании за државна поддршка

Сите компании што оставруваат пораст на приходите од вкупното работење, а се од дејноста трговија, ИТ технологии или секундарно земјоделско приоизводство ќе може да аплицираат во системот на државна поддршка на инвестициите.

Предлог-законот за дополнување и изменување на Законот за финансиска поддршка на инвестициите, кој е усвоен на денешната владина седница, предвидува можност за државна поддршка на овие компании под услов да започнат нов производствен процес.

Како што соопштуваат од владината прес-служба со усвоеното законско решение се унапредува системот на државна поддршка на инвестициите, се зголемува опфатот на компании кои може да аплицираат и се поедноставуваат административните процедури за апликација.

Целта на усвоените измени е да се излезе во пресрет на барањата на бизнис заедницата и да се зголеми конкурентноста.

Треба да знаете
Последни објави