Skip to main content
Хроника

Повторно опожарено возило на паркинг во Скопје

19/10/2026  14:57

На 19.10.2026 околу 01:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош било опожарено патничко возило „џили” со скопски регистарски ознаки, сопственост на Б.И.(42) од Скопје, при што било зафатено и патничко возило „тојота” со скопски регистарски ознаки, сопственост на Д.К.(74) од Скопје.

Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.