Барние: Одложувањето на Брегзит е можно, но зошто?

Главниот преговарач на ЕУ за Брегзит денеска изјави дека одложувањето на излегувањето на Велика Британија од блокот е можно, но само ако Лондон објасни во детали што ќе направи со дополнителното време.

Секое одложување ќе мора да биде одобрено од страна на 27-те други земји на ЕУ, вели Мишел Барние.

-И прашањето, кои тие веднаш ќе го постават, е: „Зошто?” Тоа ќе ја одреди должината на секоја продолжување, рече Барние.

Нивната цел е да се гарантира дека „ние не се наоѓаме во ќор-сокак, како што правиме денес” на крајот од секој дополнителен период, рече тој, додавајќи дека датумот 29 март за Брегзит „беше избор на Велика Британија”.

-Зборувајќи објективно, нам не ни треба повеќе време, ние имаме потреба од решение, рече Барние, додавајќи дека тој останува цврсто решен да работи за обезбедување на договор за разводот.

-Не е правилно да се кажува дека  „без договор “е најверојатното сценарио. Можно е, но се уште не е веројатно, рече тој.

Треба да знаете
Последни објави