Амди Бајрам: Не можам да поставам прашање бидејќи сум Ром!

Пратеникот Амди Бајрам на денешната собраниска седница се побуни дека не може да постави пратеничко прашање бидејќи е Ром. Тој побара од колегите пратеници да се откажат од своето право, за да може јавно да ги постави своите прашања до министерот за внатрешни работи и до народниот правобранител, прашања кои ги засегаат Ромите во Македонија.

-Ова втор пат вака да ми правите, прошлиот пат се откажав. Ми го одземате правото да поставам прашања пред јавноста. Ние не сме фактор? Без разлика што сум Ром, има проблеми што треба да ги поставам за Ромите. Втора седница чекам да поставам прашање до МВР и до народниот правобранител. Не можам да дојдам до израз. Бидете хуманитарни, пуштете ме да поставам пратеничко прашање, народот бара од мене. Јас сум тука и поддржавам се, но што значи ова, кои игри се прават овде? Значи јас како Ром не би требало да учествувам во овој парламент, и што сега – да си дадам оставка? – рече тој.

Треба да знаете
Последни објави