Search

Позната новинарка и личност на годината на „Тајм“ уапсена на Филипините поради клевета

Марија Реса, позната филипинска новинарка и гласна критичарка на претседателот на земјата, е уапсена денеска поради обвиненија за клевета кои ги поднеле против новинската агенција „Раплер“, која е под нејзина надлежност, објави Си-ен-ен.

Според информациите на „Раплер“ обвинувањата се поврзани со текст објавен во 2012 година, а поради кој минатата недела против новинарката било поднесено обвинение.

Реса, извршна директорка на „Раплер“ и личност на годината според традиционалниот избор на весникот „Тајм“ за 2018 година, повеќепати е обвинета за клевета и затајување данок, што многумина го опишаа како политички мотивиран обид за замолкнување на независните медиуми во земјите од југоисточна Азија.

Треба да знаете
Последни објави