СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.А.(38), Е.З.(41) и Б.М.(42) од тетовското село Боговиње, осомничени за загрозување на животната средина и природата со отпадни материи.
Пријавените кои се управители на три фирми, во периодот од јуни до август 2018 година, на локалниот пат од селото Боговиње кон селото Селце, со товарни возила вршеле истовар на земја, бетонски столбови, даски и пластики.