Search

Лиам Нисон: Не сум расист

Холивудскиот актер Лиам Нисон рече дека не е расист, откако призна дека пред 40 години сакал да се одмазди за негова блиска личност која била силувана од, како што рекол црнец. Актерот се соочи со жестоки критики за расизам по неговите коменатри во интервју, објавено од „Индепендент“.

Тој рекол дека пред 40 години, излегол на улица со оружје, надевајќи се дека ќе наиде на црнец кој ќе го испровоцира и на него ќе го истури својот гнев, откако негова блиска личност му кажала дека ја силувал црнец.

Во интервју за емисијата „Добро утро Америка“ на Еј-би-си, Нисон рекол дека не е расист, додавајќи дека би сакал неговите коментари да отворат поширока дебата за расизмот.

На прашањето што би сакал луѓето да научат од неговото искуство, Нисон рекол дека сака да разговараат и да бидат отворени.

„Сите ние се преправаме дека сме политички коректни во оваа држава. Некогаш само ја начнуваш површината и го наоѓаш расизмот и фанатизмот“ вели Нисон.

Треба да знаете
Последни објави