Search

СДСМ: Над 375 милиони евра завршија кај компаниите со повратот на ДДВ

Економските мерки на владата предводена од СДСМ даваат резултат – се зголемува економскиот раст, а се повеќе пари завршуваат кај граѓаните и кај компаниите, велат од владејачката партија.

Тоа го поткрепуваат и со податок дека во 2018 година, Министерството за финансии извршило поврат на ДДВ во вкупна вредност од 375,6 милиони евра.

„Во апсолутни бројки, минатата година назад во компаниите завршиле 60 милиони евра повеќе отколку во 2017 година. За разлика од претходните години на пример, кога поради криминалните политики на ВМРО ДПМНЕ, не се исплаќаше навреме, доцнеше и фирмите беа под притисок, денес повратот на ДДВ се реализира навремено и неселективно“, стои во партиското соопштение.

Според СДСМ, брзиот и неселективен поврат на ДДВ кон фирмите ја подобрува ликвидноста во стопанството, а со тоа се стимулираат инвестициите и отворањето на нови работни места.

Треба да знаете
Последни објави