Хан: Договорот од Преспа треба да биде инспирација за целиот регион

Договорот од Преспа за решавање на спорот за името помеѓу Грција и наскоро Северна Македонија претставува историски чекор напред за двете земји, регионот и Европа како целина, напиша еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на „Твитер“, откако грчкиот Парламент го ратификува Договорот од Преспа.

Ја поздравувам храброста и визијата на двете страни, на Зоран Заев и Алексис Ципрас. Овој успех не можеше да се случи без цврстата европска перспектива за земјата која наскоро ќе биде Северна Македонија. Јас лично сум многу среќен бидејќи долгото патување до Преспа започна со договорот Пржино од 2015 година, во кој посредував и кој наскоро ќе дозволи Северна Македонија да ја надмине длабоката политичка криза. Оттогаш земјата започна длабоки реформи и ги решава проблемите со соседите. Ова треба да биде инспирација за целиот регион!“, напиша Хан.

Треба да знаете
Последни објави