
Македонската академија на науките и уметностите денеска во 12 часот ќе го одбележи Денот на МАНУ.
По тој повод предвидено е положување цвеќе пред споменикот на Блаже Конески, по што своја пригодна реч ќе има академик Живко Попов, претседател на МАНУ.
На Денот на МАНУ ќе се додели и меѓународното признание „Блаже Конески“ на годинашната добитничка Соња Должан од Словенија, а пригоден говор ќе одржи дописниот член на Академијата Венко Андоновски.


