Search

За 48 часа елиминирајте ги сите токсини и масти од телото

Диета, детоксикација и забрзување на метаболизмот – три во едно би можел да биде називот за дводневниот режим за исхрана со кој за само 48 часа ќе почувствувате позитивни физички промени.

Главни состојки на оваа детоксикација се два напитока кои ќе ви помогнат да го прочистите телото од наталожените токсини и масти.

Диета за прочистување со која веќе за 48 часа, колку што трае, ќе се чувствувате подобро, подразбира консумација на зеленчук и житарки кои помагаат во забрзувањето на просецот на детоксикација.

Исто така, во текот на тие два дена потребно е да пиете зелен чај без додатоци. Сржта на ова прочистување се два напитока, напиток за слабеење (кој се пие навечер) и напиток за забрзување на метаболизмот (кој се пие наутро).

Напиток за слабеење:

– 1 лажица мелена лута пиперка

– 1 лажица ѓумбир

– 2 лажици лимонов сок

– 1 лажица јаворов сируп

– 300 мл вода

Подготовка и употреба:

Ставете ги сите состојки во блендер и добро мешајте. Овој напиток најдобро е да го пиете пред спиење.

Напиток за забрзување на метаболизмот:

– 4 чешниња лук

– 6 лажици лимонов сок

– 2 домати

– 6 коцки мраз

– 50 мл вода

Подготовка и употреба:

Ставете ги сите состојки во блендер и мешајте. Овој напиток најдобро е да го пиете наутро на празен стомак.

Треба да знаете
Последни објави