Search

ЈО: Екстрадицијата на Палевски ќе биде спроведена преку Министерството за внатрешни работи

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија соопшти дека е известено дека Министерството за правда добило официјална информација од Република Турција дека се одобрува екстрадицијата на лице осомничено за две кривични дела грабнување, како и за две убиства на свиреп начин.

-Постапката за екстрадиција ќе биде спроведена преку Министерството за внатрешни работи. По предлог на Основното јавно обвинителство Скопје на осомничениот веќе му е определена мерка притвор која треба да започне да се применува веднаш по неговото испорачување, соопштија од Обвинителството.

Претходно од Министерството за правда информираа дека е добиено  официјално известување дека екстрадицијата на Љупчо Палевски е дозволена.

Министерот за правда Кренар Лога на својот фејсбук профил напиша дека од Турција е добиено одобрение за екстрадиција на лицето Љупчо Палевски.

-Позитивниот исход на постапката произлегува по сите максимално преземени мерки и активности од делокругот на надлежности на Министерството за правда, напиша Лога.

Треба да знаете
Последни објави