
Руските сили нападнаа три товарни брода во и околу украинските пристаништа на Црното Море, соопшти руското Министерство за одбрана.
Според податоците на Министерството, едниот брод бил погоден во пристаништето во Николаев, вториот – во пристаништето во Черноморск, а третиот, кој патувал кон Одеса, бил погоден во Црното Море.
Сите три пловила биле користени за снабдување на украинските вооружени сили, стои во соопштението.

Светските агенции нагласуваат дека информациите не можат независно да бидат потврдени.

