„Реплек фарм” секоја година во Русија го зголемува извозот за 10 до 15 отсто

Четирите руски партнери на компанијата „Реплек фарм” пласираат 20 видови лекови произведени во земјава и лиценцирани за продажба на рускиот пазар. Во процес на лиценцирање се наоѓаат уште девет производи кои наскоро ќе се најдат во руските аптеки.

Ова го истакна генералниот менаџер на „Реплек фарм”, Иван Туџаров по средбата во просториите на компанијата со амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија, Сергеј Баздникин, со советникот за економски и трговски прашања во Амбасадата, Владимир Хрисанфов и со извршниот директор на Македонско-руската стопанска комора, Дејан Бешлиев.

– Законскиот рок за лиценцирање се движи меѓу една до две години, но понекогаш тој рок е и подолг. Таквата состојба  го успорува извозот на компанијата на овој пазар, кој ни е најзначаен во нашата делова стратегија. Ние четири петтини од производството го пласираме на странските пазари, лековите патуваат во 26 земји, а најголем дел од извозот го релизираме токму во Руската Федерација и во земјите од Евроазиската Унија, истакна Туџаров.

„Реплек Фарм” секоја година го зголемува пласманот  во Руската Федерација од 10 до 15 отсто, инфомираат од Македонско-руската стопанска комора.

– Во рамки на нашите надлежности ќе се обидеме да и помогнеме на компанијата во процесот на регистрацијата да се почитуваа законски предвидениот рок и норми во Руската Федерација со цел да се одржува и зголемува нејзиниот пласман на лекови, а на задовоство на нашите граѓани, порача амбасадорот Баздникин.

Треба да знаете
Последни објави