Словенечкиот министер Церар е во посета на Тирана на покана од неговиот албански колега Бушати

На покана на албанскиот министер за Европа и надворешни работи, Дитмир Бушати, во посета на Тирана е неговиот словенечки колега Миро Церар, заедно со поголема стопанска делегација.

По средбата, двајцата министри го нагласија значењето од интензивирање на односите и соработката во повеќе области, како можност за понатамошно унапредување на односите меѓу двата народа и  соработката меѓу двете земји.

На заедничката прес-конференција тие се задржаа и на дијалогот Косово-Србија,поддржувајќи го истиот, со надеж за постигнување стабилен  и спроведлив договор.

– Сметам дека изјавата на амерканскиот државен секретар Мајк Помпео по средбата со косовскот претседател Хашим Тачи е јасна и повикува на договор за стабилизација на состојбата. Парадоксално, ние сме далеку од поврзување и поради овој факт повеќе се зборувало отколку што се дејствувало. Сè уште нема јасна стратегија кога и како земјите од Југоисточна Европа ќе бидат меѓусебно поврзани. Во наредните години очекуваме интензивирање на соработката и на економски план. Ова е двонасочен процес, рече Бушати.

Словенечкиот министер се заложи за продолжување на српско-косовскиот дијалог, со цел, како што рече да живеат во мир и без понатамошни конфликти.

-Како што знаете, Словенија е една од првите земји што го признаа Косово и посакуваме да постигне договор во дијалогот со Србија. Дијалогот треба да продолжи за да можат да живеат во мир и без понатамошни конфликти. Договорот за границата мора да биде многу конкретен. Тие мора да најдат договор и ние ќе го поддржиме, посочи Церар.

Тој додаде дека на Словенја и на Албанија  им е потребна поголема афирмација преку соработка и го повика албанскиот бизнис да инвестира во Словенија, како што тоа го прави словенечкиот. Словенија, нагласи Церар, инвестираше 18 милиони евра во Албанија, но Албанија не инвестираше кај нас.

Церар ќе има средби и со други албански високи личности, а ќе биде одржан  и албанско-словенечки бизнис форум.

Треба да знаете
Последни објави