Беснеат пожари во Австралија: Горат куќи, шуми, фарми

Стотици луѓе се евакуирани поради шумските пожари предизвикани од топлотниот бран во Австралија.  Најмалку четири куќи, околу 20 000 ари шума, како и неколку фарми се целосно уништени во пожарот.

Полицијата во одредени области во државата Квинсленд одеше од врата на врата и бараше од населението да се евакуира, но некои жители одбија да го сторат тоа, изјавија официјални лица, објавија АП.

Стотици пожарникари се на готовс бидејќи се очекува температурите да достигнат и до 40 степени Целзиусови, а најавени се и силни ветрови.

Во државата Квинсленд регистрирани се рекордни температури за месец ноември, а метеоролозите најавија дека топлотниот бран ќе продолжи и во наредните денови.

Пожарот почна во саботата и опфаќа област од околу 66 километри, велат официјалните претставници.

Треба да знаете
Последни објави