Се запали возило на кружниот тек кај хотел „Континентал“ Автомобил се запали попладнево кај кружниот тек на булеварот „Никола Карев“ кај хотел „Континентал“ во Скопје. По интервенција на противпожарна екипа пожарот е локализиран и предизвикана е само материјална штета. Извор: МИА