Skip to main content
Македонија

ВЛЕН: Конкретни резултати за Албанците во МВР, 428 унапредувања и над 150 вработувања

06/10/2026  13:13

Соопштение за јавност на ВЛЕН:

Во текот на последните две и пол години, во рамки на Министерството за внатрешни работи се реализирани конкретни чекори во насока на подобрување на застапеноста и унапредувањето на Албанците, зголемување на вработувањата и децентрализација на услугите.

428 албански полициски службеници се унапредени во кариерата.

Реализирани се над 100 вработувања на полициски службеници и над 50 вработувања во административните служби.

Отворени се 8 единици за административни услуги, од кои 5 во рурални средини.

Иницирани се пунктови „One Stop Shop” во Блаце и Јажинце, а се предвидува нивно проширување и во Ќафасан, Блато и Белановце.

За првпат е создадена можност за именување на Албанец за заменик-началник на сите единици на централно ниво во МВР.

Овие резултати ја потврдуваат посветеноста на ВЛЕН за правична застапеност, професионално унапредување и услуги поблиски до граѓаните.