МВР: „Ренџ роверот“ бил во Грција службено и управувано од овластено лице

МВР: „Ренџ роверот“ бил во Грција службено и управувано од овластено лице

Министерството за внатрешни работи по дводневна истрага но и притисок од јавноста и медиумите, одговори на прашањата дел од прашањата во врска со службеното возило кое на 2 август ја минало границата со Грција.

Во соопштението што стигна вечерва се вели дека по написот објавен на порталот Нет прес била издадена наредба за испитување на случајот и е „констатирано дека на ден 2 август 2018 година, возилото „Ренџ Ровер Дискавери Спорт“ со регистарски таблички СК-9559-АЛ е управувано од полициски службеник вработен во Одделот за заштита на определени личности и објекти кој возилото го управувал со соодветен службен налог. Возилото во 13 часот и 35 минути го преминало граничниот премин Богородица и патувало на територија на Република Грција. Возилото е вратено во Република Македонија истиот ден, 2 август 2018 година.“

МВР негира дека возилото го управувало неовластено лице, но дека било управувано од член на семејството на директорот на Биротото за јавна безбедност. Но додава дека ако се утврдат неправилности, по дополнителните проверки, ќе бидат преземени мерки.

Инаку деновиве во медиумите се поставуваше прашањето кој и зошто го упатил службеното возило во Грција, зошто било довезено, како што тврди порталот Нет прес, до одмороралиште покрај морето во северна Грција и дали навистина со него се возеле, или биле превезувани, ќерка на вработен во МВР и нејзините пријателки?

Треба да знаете
Последни објави