На продажба некогашен стар град во Турција по цена од 8,3 милиони долари

Турција продава град стар 2.500 години за да го сочува од ловци на културно богатство и пропаѓање.

Овој стар град се наоѓа во близина на Егејското море, а сопствениците го продаваат по цена од 8,3 милиони долари.

Просторот од 133 хектари е во приватна сопственост, а целиот простор е означен како археолошко наоѓалиште од прва класа.

Сепак, овој град долго време е напуштен и сега служи само како засолниште за животни, пишуваат турските медиуми.

Еден од сопствениците вели дека не може сам да го заштити овој антички град и дека му е потребна помош од локалните власти.

Во градот не се направени некои значајни археолошки ископувања, па тој е на мета на ловци на богатство, кои украле мозаик од периодот на Римјаните.

И покрај тоа што има статус на археолошко наоѓалиште од прва класа, властите сепак не поддржале ископувања на ова место, бидејќи тоа се наоѓа на приватно земјиште.

Ова не е прв обид да се продаде овој град. Во 2015 година локален агент за недвижности го продаваше овој простор како првостепена археолошка локација.

Но, не беше пронајден некој што би го купил.

Сега цената е пониска за речиси два милиони долари, а сопственикот се надева дека продажбата овој пат ќе биде успешна.

Треба да знаете
Последни објави