
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска излезе на говорницата на Генералното собрание на Обединетите нации за да го одржи својот говор, но уште при неговото појавување десетици дипломати и делегати демонстративно ја напуштија салата.

Нетанјаху веднаш ги нарече дипломатите кои излегоа од салата „морални кукавици“, истакнувајќи дека Израел всушност штити многу од земјите чии делегати одбиле да го слушаат неговото обраќање.

