
Во Општина Чаир со висок интензитет продолжуваат инфраструктурните работи чија цел е подобрување на сообраќајот и модернизација на патната инфраструктура.

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, објави снимки од работите на улицата „Мит’хат Фрашери”, еден од најзначајните инфраструктурни проекти во општината. Улицата, во должина од околу 1,5 километри, од две се проширува на четири сообраќајни ленти, со што се трансформира во модерен булевар кој ќе овозможи полесен и поефикасен сообраќај.
Проектот создава важна сообраќајна врска меѓу булеварот „Словенија” и улицата „Џон Кенеди”, со што значително ќе се подобрат сообраќајот и поврзаноста меѓу различните делови на Чаир.
Во меѓувреме, работите на улицата „Ферид Мурад” се во завршна фаза, продолжуваат активностите на „Мит’хат Фрашери”, а паралелно се финализира потребната документација за почеток на работите и на улицата „Цветан Димов”.

