
Полска сака да прими на своја територија 15.000 американски војници, изјави заменик-министерот за одбрана Станислав Взјатек, додека војната на Русија во соседна Украина влегува во својата петта зима, објавија француските меидуми.
„Зборуваме за цел од 15.000 војници“, изјави заменик-министерот за радио RMF.
Контингентот, рече тој, ќе вклучува околу 10.000 војници на ротациска основа, како и помеѓу 3.500 и 5.000 трајно стационирани војници.
Во моментов во Полска има помеѓу 6.500 и 7.000 американски војници стационирани на ротациона основа.
Американскиот претседател Доналд Трамп во четвртокот објави дека е постигнат „значаен напредок“ кон воспоставување постојана американска воена база во Полска, додека неговата администрација го разгледува американското воено присуство во Европа.
Планираното американско воено присуство ќе се гради во фази до 2039 година, наведе полскиот заменик-министер.
Минатата недела, полскиот премиер Доналд Туск предупреди за „хибридни“ закани од Русија против сојузниците на Украина, вклучувајќи „случајни“ напади со беспилотни летала и ракети.
Полска, членка на НАТО и на Европската Унија и сместена на источното крило на алијансата, од 2022 година постојано ја обвинува Русија за саботажи.

Варшава е меѓу членките на НАТО кои издвојуваат најголем дел од својата економија за одбрана, при што трошоците во оваа област изнесуваат речиси пет отсто од БДП.

