Skip to main content
Спорт

Рустемовски избори четвртфинале на ЕП во бокс

21/09/2026  18:57

Македонскиот боксер Ален Рустемовски дојде на чекор до освојување медал Европското првенство во Софија, откако попладнево во осминафиналето го совлада Британецот Вилијам Хјуит.

Рустемовски со сигурен настап во рингот го победи Хјуит со одлука на судиите од 4-1 и обезбеди пласман во четвртфиналето во категоријата до 60. килограми, кое е на програмата в среда.

Претходно во првото коло, Рустемовски извојува победа од 5-0 над Белик Мелкумјан од Луксембург.

Преостанатите двајца македонските претставници на Европското првенство претрпеа рана елиминација со своите настапи.

Алим Насуфи во категоријата до 70. килограми загуби во првото коло од домашниот боксер Благовест Неделчев со 4-1, додека Илчо Костовски во категоријата до 90. килограми беше поразен во воведното коло од Молдавецот Андреј Запљитни со едногласна одлука на судиите од 5-0.