Skip to main content
Свет

Мелони најави ограничување на бројот на странски ученици и забрана за носење бурки и никаби во италијанските училишта

21/09/2026  16:31

Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека наскоро до владата ќе предложи мерка со која ќе се ограничи бројот на странски ученици во училишните одделенија и ќе се забрани носењето бурки и никаби во училиштата.

Мелони ова го изјави пред младинската организација на нејзината партија „Италијански браќа“, наведувајќи дека со мерката исто така ќе стане задолжително изучувањето на италијанскиот јазик за родителите на странските ученици кои имаат „сериозни тешкотии при интеграцијата во училишниот систем“.

– За нас, секој што доаѓа во Италија и сака да ја гради својата иднина тука, мора да го научи нашиот јазик, да ја разбере нашата култура и да ги почитува нашите правила. Тоа е единствениот сериозен начин да ги пречекаме – истакна Мелони.

Откако ќе биде одобрена од владата, мерката ќе треба да добие и парламентарно одобрение во рок од 60 дена за да стапи во сила како закон.