
Жестока физичка пресметка се случила на Меѓународниот аеродром „Скопје“, а во тепачката била употребена и столица, покажува видеоснимка од инцидентот.
На снимката се гледа пресметка меѓу повеќе лица во просториите на аеродромот, при што ситуацијата ескалирала до степен да бидат употребувани и фрлани предмети. Во еден момент во пресметката била употребена и столица.
Засега нема официјални информации за причините што довеле до инцидентот, ниту за идентитетот на лицата кои учествувале во него.
Исто така, во моментот нема потврда дали во тепачката има повредени лица и дали некој од учесниците е приведен.
Се очекуваат повеќе информации од надлежните институции по целосното документирање на случајот.

