Skip to main content
Хроника

Пијан Мексиканец нападнал полицаец со тврд предмет во паркот во Ѓорче Петров

20/09/2026  13:52

На 19.09.2026 во 21:00 часот во Скопје, во паркот во Ѓорче Петров, каде се одржувала манифестација, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Х.И.Б.Л.(31) од Мексико, поради тоа што одбивал да се легитимира, се однесувал агресивно, а потоа физички и со тврд предмет нападнал полициски службеник додека извршувал службени дејствија.

Утврдено е и дека Х.И.Б.Л. бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,30 промили во крвта.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.