Skip to main content
Македонија

Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма поврзана со Rudnap Group

20/09/2026  11:35

Прес конференција на СДСМ, Кети Штерјова

Ја разоткривме целата бизнис мрежа на Христијан Мицкоски во енергетиката и објавивме колку овој енергетски ‘октопод’ на Мицкоски има длабоки и широки пипци. Од институции како Регулатрна, РЕК, Развојна банка па се до оф шор структури на Кипар.

Поминаа 6 месеци, Јавното обвинителство молчи. Не презема ништо.

Се молчи и за Душан Адамовиќ, функционер на СНС и почесен конзул кој го постави Мицкоски, за офшор структурите на Кипар кои водат се до ‘Rudnap Group’ на Војин Лазаревиќ, и се вмрежува директно со Владата преку министерката Сања Божиновска.

Ама затоа бизнисите течат. И тоа на големо.

Објавуваме нова бизнис зделка, вредна 13.2 милини евра.

Компанијата METER&CONTROL од Србија е избрана за носител на договорот на ЕВН Македонија за набавка на броила за струја.

Договорот е склучен на 11 август 2026 година, со објавена вредност околу 13,2 милиони евра.

А METER&CONTROL е поврзана нормално со Rudnap Group.

Основана во 2008 година, а Rudnap Group се појавува во нејзината сопственичка историја.

Кој е клучниот линк до Руднап?

Сања Божиновска, минстерката на Мицкоски за енергетика.

Божиновска во периодот 2011–2014 била извршен директор во компаниите на Rudnap Group во Централна и Источна Европа.

Божиновска се поврзува и со „Руднап ДООЕЛ” Скопје, каде што била управител.

„Руднап” е исто така партнер со „Ал Дахра”, компанија која се поврзува со проектот „Белград на вода” кој се најавува и во Македонија.

„Руднап” е линкот и со СНС во Србија и со ВМРО во Македонија и клучен дел од енергетската бизнис мрежа на Мицкоски.

Затоа и се создаде ново министерство и токму Божиновска Мицкоски ја постави на чело на Министерството за енергетика.

Затоа што сè е бизнис за Мицкоски.

Ама омилен му е бизнисот во енергетиката и бизнисот со струја.