Skip to main content
Македонија

Манасиевски: Жерновски пак го вози автомобилот на „братучедот“, а богами и непрописно паркира

18/09/2026  19:07

Соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од фејсбук објава на партискиот портпарол Валентин Манасиевски

Андреј “НАТО” Жерновски во стилот на Артан “Лотарија” Груби, го вози автомобилот на “братучедот”.

Откако јасно кажа пред некој месец на гостување на поткаст (ВИДЕО), дека нема во своја сопственост автомобил марка “Мерцедес” со регистарски таблички од иста бројка, ниту пак дека некогаш во животот возел “Мерцедес”, во сопственост на негов братучед, повторно со свои очи го видов неуспешниот амбасадор Жерновски како го управува “Мерцедесот”. (ФОТО)

Дополнително, непрописно се паркирал додека фрлаше ѓубре во контејнер. Но, на Жерновски не му е грижа, затоа што и да го казнат за непрописно застанување, автомобилот не е негов, братучед му ќе му ја плати казната.

https://www.facebook.com/share/p/1EomyvB6Xy/?mibextid=wwXIfr