Skip to main content
Свет

Армијата на САД нападна воени цели на ирански остров

31/08/2026  08:00

Американската армија синоќа ги гаѓаше иранските ракетни инсталации на островот Ларак во Ормутскиот теснец.

Ова е нова ескалација и прв таков напад врз Иран од крајот на јули.

Капетанот на американската морнарица Тим Хокинс изјави за агенцијата Франс-прес дека силите на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) биле видени како се подготвуваат да лансираат ракети што носат морски мини во Ормутскиот теснец.

,,Американските сили нападнаа две ирански инсталации на островот Ларак. Силите на Исламската револуционерна гарда беа забележани како се подготвуваат да лансираат ракети што носат морски мини во Ормутскиот теснец“, рече Хокинс.