Skip to main content
Скопје

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје

25/08/2026  16:25

На 26.08.2026 (среда) во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува претседателот на Владата на Република Косово, г-дин Албин Курти. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на подрачјето на град Скопје.

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници.