Skip to main content
Свет

Партијата на Нетанјаху: Арапските партии ги украдоа изборите

28/10/2026  21:04

Партијата Ликуд на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги обвини арапските партии за изборна измама.

„Изборите во Државата Израел беа украдени од арапски партии кои го поддржуваат тероризмот и уништувањето на еврејската држава“, се вели во соопштението на партијата Ликуд еден ден по изборите на кои арапската опција освои рекорден број мандати.

Партијата на Нетанјаху зборува за „сериозни кривични дела“, вклучувајќи „поткуп, закани, насилство, фалсификување и употреба на забранет софтвер за мобилизирање на гласачи“.

Ликуд не наведува конкретни докази за своите тврдења, но во соопштението се вели дека испратила „стотици изјави од сведоци и докази за изборна измама на бројни арапски гласачки места“ до полицијата, разузнавачките служби и изборната комисија. Затоа, Ликуд верува дека интегритетот на изборите во Израел е „масовно компромитиран“, пренесува ДПА.