Skip to main content
Свет

Повеќе од 100 загинати при уривање на рудник за злато во Централноафриканската Република

19/08/2026  21:26

Повеќе од 100 лица загинаа при уривање на импровизиран рудник за рачен ископ на злато во селото Замбоје, во близина на границата со Камерун, соопштија локалните власти во Централноафриканската Република (ЦАР).

Според изјавата на Жервез Ганагоро, волонтерка на Црвениот крст која учествувала во спасувачката акција, од под урнатините веќе се извлечени повеќе од 100 тела, а дел од преживеаните се во критична здравствена состојба.

Бертран Бе Јанг, член на локалниот младински совет во Замбоје, исто така потврди дека бројот на загинатите надминува 100. Тој предупреди дека бројката на жртви може дополнително да порасне бидејќи сè уште има неутврден број исчезнати лица заглавени под земја.

Обвинителството во градот Боар, кој се наоѓа во западниот дел на ЦАР, потврди дека во несреќата има загинати, повредени и исчезнати, но сè уште не соопштува официјални и конечни бројки.

Нелегалното рударство претставува еден од главните извори на егзистенција во многу делови од Африка, но недостатокот на законска регулатива и ниските безбедносни стандарди често доведуваат до вакви трагични несреќи.