
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Х.С.(34) од гостиварско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда”.
На 31.07.2026 во семејниот дом, пријавениот физички ја нападнал неговата мајка, по што од нејзината чанта одзел пари и клучеви од возило.


