
Денеска (15.08.2026) во 08:00 часот, на автопатот „Пријателство“, кај село Милетково, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишиле од слобода М.Ф.(46) од Германија.
При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека М.Ф. управувал патничко возило „бмв“ со германски национални ознаки со брзина од 203 километри на час, на место каде што со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 120 километри на час.
За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
,,Апелираме до сите возачи да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, особено ограничувањата на брзината, да не го загрозуваат сопствениот живот и животот на останатите учесници во сообраќајот и да бидат одговорни и совесни учесници во сообраќајот, велат од МВР.


