
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе ја прогласи Ормуската Теснина за „територија на САД“.
„Откако ќе го победиме Иран… ќе ја прогласам Ормуската Теснина за територија на Соединетите Американски Држави“, рече Трамп со мала насмевка на митинг во Гарден Сити, во близина на Њујорк.
Американски медиуми јавија дека не е јасно колку е сериозен коментарот на Трамп и дали го одразува неговиот нов политички став.
„Она што го правиме е голема услуга за светот, не само за себе… и навистина работиме одлична работа“, рече американскиот претседател. Тој стави до знаење дека никогаш нема да се извини за нападот што го започна со Израел врз Иран на 28 февруари оваа година.
Трамп претходно предупреди во интервју за Фокс њуз дека САД силно ќе го погодат Иран економски. Околу една петтина од светските залихи на нафта и течен природен гас минуваат низ Ормуската Теснина.


