Skip to main content
Македонија

Невреме повторно се заканува: Попладне дожд, грмежи и град низ Македонија

02/07/2026  12:34

Времето денеска во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови се очекува нестабилно време со повремен локален дожд и грмежи.

Според прогнозата, на одредени места ќе има поинтензивни процеси проследени со пообилен пороен дожд од над 15 литри на квадратен метар, силен ветер со брзина поголема од 60 километри на час и услови за краткотрајно невреме со појава на град.

Максималната дневна температура ќе се движи од 27 до 35 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, но попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме, проследено со пообилен пороен дожд и појава на град. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец, а максималната температура ќе достигне 32 степени.

Метеоролозите најавуваат дека и утре ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди. Попладне повторно се очекуваат врнежи од дожд и грмежи, а локално временските процеси ќе бидат поинтензивни и ќе прераснат во невреме со обилни врнежи, електрични празнења, силен ветер и град.

Од средината на следната работна седмица следува период на стабилно и претежно сончево време. Во сабота ќе дува засилен до силен северен ветер, додека во наредните денови ветерот ќе биде умерен до засилен од северен правец.