
Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез ја прогласи северната крајбрежна држава Ла Гваира, која претрпе најголема штета од земјотресите, за зона на катастрофа.
Таа наведе дека во два големи земјотреса со интензитет од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала загинале најмалку 32 луѓе, а 700 се повредени. Но, се стравува дека бројот на жртвите би бил многу поголем.
Геолошкиот институт на САД (УСГС) соопшти дека двата големи земјотреси што ја погодија Венецуела се последица на така наречената „плитка хоризонтална ерозија“ во близина на двете тектонски плочи – карипската и јужноамериканската.
Венецуела се наоѓа во близина на неколку раседни зони и помеѓу јужноамериканската и карипската тектонска плоча, поради што земјотресите се многу поретки во земјата отколку во другите делови на Јужна Америка. Големите земјотреси се случуваат кога раседите помеѓу плочите се движат хоризонтално, а кога поместувањето се случува ненадејно и брзо, се ослободува огромна енергија и предизвикува тресење на земјата.
Поголемиот број силни и големи земјотреси во Јужна Америка се случуваат по должината на Тихоокеанскиот огнен прстен, вклучувајќи ги Мексико и Чиле. Тихоокеанскиот огнен прстен е сеизмички многу активна област каде што се случуваат околу 90 проценти од сите земјотреси во светот.
Најразорниот земјотрес во историјата на Венецуела бил во 1900 година со интензитет од 7,7 степени според Рихтер, чиј епицентар бил околу сто километри од епицентарот на денешните земјотреси.
Научниците од УСГС веќе издадоа драматични предупредувања и процени кои сугерираат дека Венецуела би можела да се соочи со хуманитарна криза од невидени размери. Според нивните компјутерски модели и анализи на интензитетот на плитките хоризонтални раседи, постои 44 проценти веројатност дека конечниот број на жртви ќе надмине 10.000 луѓе, додека процените оставаат застрашувачки 30 отсто веројатност дека бројот на жртви на крајот би можел да надмине 100.000.

