
На 22.06.2026 во 17:30 часот во ОВР Струга е пријавено дека во близина на Граничен премин Ќафасан настанал пожар во патнички автомобил „мерцедес” со струшки регистарски ознаки во движење, кој го управувал В.Л.(55) од струшкото село Радолишта.
Повредени лица нема, а интервенирале полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Ќафасан и го изгаснале пожарот.

