
Во рамки на националната кампања под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!”, научниот соработник и заменик национален координатор за трансплантација Александар Гавриловска Брзанов, упатува силна порака за поддршка на органодарителството.
-Со едно „Да“ можеме да спасиме повеќе човечки животи – органодарителството не е само медицински чин, туку и морална и етичка одговорност на секој поединец. Трансплантацијата на органи им овозможува на примателите да не се зависни од фамилиите, да придонесуваат во заедницата и да го менуваат општеството на подобро – посочува д-р Гавриловска Брзанов во видео пораката.
Таа упатува посебна благодарност до семејствата, кои во најтешките моменти на болка и загуба, одлучиле да ги донираат органите на своите блиски, покажувајќи исклучителна емпатија и хуманост.
Министерството за здравство во рамки на националната кампања за унапредување на органодарителството продолжува со активности за подигнување на свесноста кај граѓаните да се изјаснат како органодонори и со тоа да остават дел од себе кој ќе продолжи да живее.


