Skip to main content
Македонија

Мавровско Езеро порибено со 400 килограми риба, воведена двомесечна забрана за лов на крап

30/10/2026  19:06

Нови количини рибен подмладок се пуштени во Мавровско Езеро и водотеците на територијата на Националниот парк „Маврово“. Во рамки на Годишниот план за порибување, водите биле збогатени со 200 килограми пастрмка и 200 килограми крап.

Од Националниот парк „Маврово“ информираат дека порибувањето е дел од континуираните активности за одржување и унапредување на рибниот фонд, како и за зачувување на природната рамнотежа во водните екосистеми.

– Заштитата на водите и рибниот фонд се наша заедничка одговорност. Со почитување на правилата и одговорно однесување, придонесуваме за зачувување на природното богатство на паркот – наведуваат од НП „Маврово“.

Од утре ќе биде воведена двомесечна забрана за риболов на крап (Cyprinus carpio) во рекреативната зона на Мавровско Езеро. Забраната е донесена со одлука на ресорниот министер, по барање на управата на Националниот парк, и ќе важи до 31 декември 2026 година.

– Целта е да се овозможи успешно приспособување, распространување и раст на порибените единки во природните услови на Мавровското Езеро, со што се придонесува кон зачувување и обновување на рибниот фонд – велат од НП Маврово.