
Папата Лав XIV стана првиот поглавар на Римокатоличката црква во историјата кој гласал на избори во САД, се посочува во соопштение од Ватикан.

Според соопштението, папата, кој е роден во САД, гласал по пошта во Чикаго пред ноемвриските избори за Конгресот, потврдувајќи го своето долгогодишно уверување во важноста на учеството на граќаните во изборниот процес.
Папата Лав XIV, порано познат како Роберт Превост, „го искористи своето право на глас како американски државјанин“ и го правел тоа „секогаш кога имал право да гласа“, соопшти прес-службата на Светата столица. Во соопштението се наведува дека тој гласал и додека живеел во Перу, односно секогаш кога имал право на тоа.
– Светиот отец ја изразува својата верба во правото и обврската на граѓаните да учествуваат во демократските процеси, додадоа од Ватикан.
