
Метео анализа на Славчо Попоски:
Денешното утро во Македонија 17 Мај 2026 Недела ни донесе променливо облачно време а во западните предели има локални послаби врнежи од дожд а на највисоките планински места над 2000 метри надморска височина се забележани и послаби врнежи од снег. Температурите ова утро беа под просекот за месец Мај насекаде во Македонија.
Ова утро повремено дува засилен ветер од западен и од северозападен правец.

Ова утро од градовите во Македонија најсвежо е во Берово со измерени само 3 степени, исто така само 3 степени ова утро се измерени и во Маврово. Највисока температура ова утро е измерена на Скопје Петровец и тоа 12 степени. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија.

На втората метеоролошка карта можете да го видите наврнато количество на дожд во литри на метар квадратен во изминатите 24 часа. Најмногу дожд наврна во Берово и тоа 19 литри на метар квадратен дожд.



