Skip to main content
Хроника

92годишна жена удрена од автомобил

15/05/2026  14:12

На 13.05.2026 во 11:50 часот во СВР Скопје e пријавено дека на ул.„Багдадска” во Скопје, товарно возило „фиат дукато” со скопски регистарски ознаки, управувано од С.К.(60) од с.Волково, скопско, удрило во 92-годишната М.К. од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.К., констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза” Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.