Skip to main content
Македонија

Приватните превозници од утре се враќаат на градските улици но со редуциран возен ред

01/12/2024  16:40

Приватните превозници од утре се враќаат на улиците откако сe откажаа од блокадите на главниот град в понеделник. Но, според нивните тврдења нема да возат со полн капацитет, туку ќе сообраќаат со онолку возила за колку што имаат обебзедено нафта.

За Телма потврдуваат дека нема да можат сите 200 автобуси да ги пуштат во оптек, бидејќи со месеци не им се ипалтени трошоците и не се во можност да набават нафта.

Одлуката за воопшто да излезат во пресрет на граѓаните во наредните две недели доаѓа по синоќешната координативна средба во Град Скопје на која се постигна договор во рок од 15 дена, независни експерти да направат анализа колку точно приватните превозници ќе добијат зголемување по извозен километар.

Новите цени би се применувале од 1 јануари 2025 година.

-Анализата со предлог решение и одлуки да се презентира од страна на стручните служби на 16 декември пред истиот состав на координативен состанок, по кој членовите на Советот на Град Скопје ќе имаат можност да се изјаснат со носење на одлука со која ќе се изврши корекција на надоместокот за приватните превозници од страна на Советниците во Советот во Град Скопје – се наведува во соопштението од Град Скопје.

Ваквиот предлог дојде од градските советниците на СДСМ, откако заклучот за покачување на цената за 30 денари по километар, од градот Скопје беше отфрлен од скопската градоначалничка, Данела Арсовска како невалиден.